Mинистерот за правда го прими амбасадорот на Република Албанија во Македонија  
     
 

21.10.2011

 
 

Денес на 21.10.2011, во просториите на Министерството за правда, министерот Беџети го пречека Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Арбен Чејку.

Амбасадорот на Република Албанија, Арбен Чејку упати честитки на Беџети, за неговото назначување на функцијата министер за правада на Владата на Република Македонија. 

На ова прва средба, министерот Беџети го информираше амбасадорот Чејку за активностите кои се под ингеренција на министерството за правда, во насока на реформите на правосудството како и ангажирањето во ова област за реформите кои треба да се превземаат за влез на Република Македонија во Европската Унија. 

Како што извести амбасадорот Чејку, Министерството за правда на Република Албанија,покажа интерес за извршување на активностите кои се однесуваат на разменување на  искуствата во пракса од областа на правосудството, посебно од областа на меѓународната правна помош, кривичните и граѓанските прашања.

На крајот од средбата, министерот Беџети  и амбасадорот Чејку се согласија ова срдеба да служи како поттик за продлабочување на  соработката меѓу двете министерства за правда на двете земји, на Македонија и Албанија.   

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk