Средба: Беџети - г-ѓа Бурунчук директор на Светска банка во Република Македонија  
     
 

21.10.2011

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети денеска се сретна со г-ѓа  Лилиа Бурунчук  директор  на Светска банка во Република Македонија.

На почетокот г-ѓа Бурунчук упати честитки до министерот Беџети и високо ја цени досегашната соработка помеѓу министерството за правда и Светската Банка.

На средбата министерот Беџети ја запозна г-ѓа Бурунчук  со напредокот во реализацијата на проектите финансирани од страна на Светска Банка, при што се разговараше и за натамошно унапредување на соработката помеѓу Министерството за правда и Светската банка, со цел  зајакнување на  правосудниот систем во Република Македонија,

На средбата посебен акцент му беше даден на  финализирање  на Проектот  за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка со чија реализација ќе се постигне изградбата на Кривичниот суд , потоа  изготвување на функционална анализа за подобрување на организациската ефикасност на судовите во РМ, како и  истражување на јавното мислење и мислењето на судиите за функциите на Судски совет.

Директорката г-ѓа  Бурунчук упати честитки до министерот Беџети, и истакна дека и понатаму ќе продолжи соработката помеѓу министерството и Светска банка.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk