Министерот за правда Блерим Беџети, денес се сретна со Францускиот амбасадор  
     
 

09.11.2011

 
 


На средбата  се дискутираше за значајни прашања  за спроведување на  судската реформа и соработката на полето на правдата помеѓу Р.Македонија и Р.Франција. Амбасадорот Schlumberger  изрази задоволство,  за добро спроведената реформа, а особено за започнувањето со работа на Вишиот Управен суд што претставува значаен напредок во судската реформа и процесот на евроинтеграција на Р.Македонија.


На средбата се дискутираше за значајни прашања  за спроведување на  судската реформа и соработката на полето на правдата помеѓу Р.Македонија и Р.Франција како и понатамиошна соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители и активностите поврзани со  Националната школа за Правосудство на Франција – Бордо е една од светски реномираните и најискусни институции за обука во областа на правосудството.

На крајот на средбата министерот Беџети, откако информираше за натамошниот тек на интензивниот реформски процес, се заблагодари за големата поддршка, и изрази интерес за натамошна соработка.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk