Министерот Беџети врачи повелби на именувани извршители  
     
 

07.12.2011

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети денеска на двајца извршители им врачи повелби. Џемајљи Арифи и Кети Арсова се именувани за извршители за подрачјата на Основниот суд Тетово и Основниот суд Скопје  1 и Скопје 2.

Министерот Беџети  констатира дека системот на извршување на извршните исправи кој е воспоставен со Законот за извршување добро функционира и дава позитивни резултати.

Анализите на досегашната примена на Законот за извршување нагласи министерот Беџети, покажуваат дека е реализирана основната цел на овој закон, а тоа е да се создаде ефикасен систем на извршување и остварување на правата на доверителите во разумен рок.

Со Законот за извршување рече Беџети се напушти системот на судското извршување, и во вид на професија беше воведен институтот извршители - лица кои вршат јавни овластувања именувани од министерот за правда, за подрачјето на одреден суд и извршуваат извршни исправи на судот или органот чие седиште е на подрачјето за кое што е именуван.

Во моментов во Република Македонија именувани се 90 извршители од  законски предвидените  132 седишта на извршители.

Министерот Беџети им честита на извршителите и им посака успешна работа, со надеж дека како што рече работата ќе ја извршуваат совесно, чесно и одговорно во рамките на уставот и законите. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk