Министерот Маневски и министерката Јанкуловска на состанок на министрите за правда и внатрешни работи од ЕУ  
     
 

15.01.2007

 
 

Министерот за правда, Михајло Маневски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска присуствуваат на дводневната неформална средба на министрите за правда и внатрешни работи во Меѓународниот Конгресен Центар во Дрезден, Германија во рамките на германското Претседателство на ЕУ.

Темите на кои се дискутира на конференцијата во рамки на ингеренциите на министерството за правда се судската соработка во областа на семејното и наследното право, електронската правда и употребата на информатичката технологија во областа на правдата, а во областа на внатресните работи се Договор од Прум за заштита на личните податоци и миграционата политика на ЕУ.

На денешната сесија во врска со судската соработка во рамките на семејното и наследното право и напредокот на Р. Македонија, се обрати министерот Маневски, кој рече дека членството во ЕУ е стратешка определба на Република Македонија која спроведува интензивни, ефикасни и континуирани реформи во сите области на општественото живеење.

Министерката Јанкуловска дискутираше околу напорите на Р. Македонија во исполнувањето на ЕУ стандардите во областа на миграционата политика.

На маргините на конференцијата министерот Маневски се сретна со германската колешка Бригите Цуприс со која начелно е договорена соработка во реформите на Крвичното законодавство, а до заврсувањето на конференцијата предвидени се усте неколку билатерални средби.

Во име на Министерството за внатрешни работи, министерката Јанкуловска утре треба да го потпише договорот за соработка со ЕУРОПОЛ.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk