Проект за „Поддршка и имплементација на медијацијата во Македонија“  
     
 

30.01.2012

 
 

Денес во просториите на Министерството за правда се потпиша писмо на намери помеѓу Амбасадорот на Кралството Холандија Marriët Schuurman и Министерот за правда Blerim Bexheti. Со ова потпишување се означи започнувањето на Проектот „Поддршка за унапредување на имплементацијата на медијацијата во Македонија“.

Министерот Беџети на чинот на потпишување ја изрази искрена „благодарност до Владата на Кралството Холандија, која останува и понатаму искрен пријател на Република Македонија и ја дава својата поддршка во правец на приближување на Република Македонија кон семејството на Европската Унија. Понатаму министерот додаде дека манифестирање на таквата поддршка претставува токму денешното потпишување на Писмото за намери за соработка помеѓу Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и Министерството за правда на Република Македонија за Проектот "Поддршка за унапредување на имплементацијата на медијацијата во Македонија" посочи министерот Беџети.

На денешниот настан амбасадорката Мариет Шурман посочи дека соработка и поддршката од Холандија и понатаму ќе продолжи и посочи дека „донесувањето на овој закон ќе придонесе за разрешување на судските предмети, како што е случај и во Холандија како што посочи дека има околу 5 илјади медијатори, кои 25 % од предметите ги решат за времетраење од 5 часа, додека 35% од период од 5-10 часа

Цели на проектот се пред се' утврдување на слабостите во постојните легислативни и институционални механизми за медијација, зголемување на капацитетите за медијација и подигнување на свесноста за можностите на медијацијата во РМ. Проектот ја означува нескриената спремност на Кралството Холандија да продолжи и понатаму да ја подржува Република Македонија во нејзината определба за успешна реализација на судските реформи, како еден од клучните елементи кој треба да придонесат за зачленување на Република Македонија во семејството на Европската унија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk