Неформален состанок на министрите за правда и внатрешни работи на Европската Унија 26-27.01.2012, Копенхаген, Данска  
     
 

27.01.2012

 
 

Министерот за правда г-дин Блерим Беџети на 26 и 27 јануари 2012 година во Копенхаген, учествуваше на Неформалниот состанок на Министрите за правда и внатрешни работи на Европската Унија, кој  се одржа во рамките на Данското претседателство со Европската унија.

На состанокот се дискутираше за предизвиците на Европската унија во борбата против тероризмот, преку граничниот криминал, организираниот криминал и азилантскиот и миграциски притисок со кои се соочува Европската унија.

Едно од централните прашања кои се дискутираа на првиот ден од состанокот беше притисокот од илегални имигранти и баратели на азил во Европа, кој е еден од најголемите предизвици со кои се соочува денес Европската унија. Притоа во однос на ова прашање уште еднаш беше истакната солидарноста како еден од столбовите на кои се темели Европската унија, и нагласено дека ЕУ покажува солидарност со земјите кои се погодени од овој проблем. Исто така на состанокот имаше и значајна дискусија околу тоа како треба солидарноста да биде сфатена во пракса.

На агендата на состанокот беше покренато и пршањето околу развојот на нов систем за размена на информации за патници ( Passenger name record), како и за зајакнувањето на соработката за трансфер на осудени лица за отслужување на казните во нивните матични земји.

Во рамки на вториот ден од состанокот се дискускутираше за новите предлози на Европската Комисија во врска со признавањето и извршувањето на одлуките на судот во граѓанското и трговското право, соработка на Европската унија во казненото право вклучувајќи го одредување на одредби за казните во Правото на ЕУ и прашањата поврзани со трансфер на осудени лица за да ја отслужуваат казната во нивните матични земји.  

Имено, беше истакнато дека со новиот документ на Европската Комисија (презентиран на 20.09.2011), “Кон ЕУ кривична политика: Обезбедување на ефективна имплементација на ЕУ политиките преку кривичното право„. произлегува дека усвојувањето на заеднички кривично правните мерки на ЕУ со оглед на преку - граничните димензии на многу кривични дела може да обезбедат криминалците да не бидат во можност ниту да се кријат зад границите ниту пак да ги искористуваат разликите на националните правни системи во кривични цели. Исто така, минимум заеднички правила може да ја зајакнат меѓусебната доверба помеѓу земјите членки и националните правосудства. Високо ниво на доверба е нужно за лесна соработка помеѓу правосудствата на различни земји членки. Принципот на взаемно признавање на судски мерки, кој претставува камен темелник на судската соработка во кривична материја, може да функционира ефикасно само во услови на високо ниво на меѓусебна доверба.

Понатаму, беше дискутирано за предлогот на ЕК за потребата од реформа на Регулативата на Советот бр. 44/2001 за надлежност, признавање и извршување на судските одлуки во граѓанска и кривична материја (позната како Брисел 1 Регулатива) која влезе во сила во Март 2002 година и која претставува камен темелник на судската соработка во рамки на ЕУ. Истата се применува на широк обем на прашања, покривајќи договорни и не – договорни барања.  Идентификува најсоодветна надлежност за решавање  на преку – гранични спорови и овозможува лесно признавање и извршување на судски одлуки  донесени во други земји членки.  Затоа на европските граѓани и бизниси им обезбедува правна сигурност и предвидувања преку униформирани европски правила. Но по однос на ова прашање земјите членки не постигнаа консензус и беше заклучено работните групи на ЕК за граѓанско право да продолжат со натамошни активности и анализи на оваа област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk