Средба на Заменик Министерот за правда, г-ѓа Билјана Бришкоска Бошковски со претставникот на УНИЦЕФ, г-дин Шелдон Јет  
     
 

01.02.2012

 
 

 Заменик Министерот за правда, г-ѓа Билјана Бришкоска Бошковски денеска во просториите на Министерството за правда оствари средба со претставникот на УНИЦЕФ, г-дин Шелдон Јет.

  На средбата Заменик Министерот за правда информираше за активностите кои Министерството за правда ги презема во насока на имплементација на Законот за малолетничка правда како и за реализација на Проектот “Правда за децата”. Заменик Министерот истакна дека особено се значајни конкретните чекори кои Министерството ги има преземено во насока на унапредување на правната рамка, изготвување на стандарди и протоколите за примена на Законот за малолетничка правда, јакнење на институционалните и човечките капацитети како и развој на планови и инструменти за превенција од малолетничкото престапништво.

Претставникот на УНИЦЕФ ја изрази својата благодарност и задоволството од континуираната соработка со Министерството за правда. Воедно, тој истакна дека особено ја цени отвореноста, ангажманот и посветеноста на Министерството за правда како за имплементирање на Законот за малолетничка правда така и за реализација на Проектот  “Правда за децата”. Г-дин Јет потенцираше дека планот за идните активности е многу амбициозен и е насочен кон остварување на заедничката цел  а тоа е унапредување на правата на децата.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk