Соопштение  
     
 

20.02.2012

 
 

Денеска (20.02.2012), министерот за правда Блерим Беџети оствари средба со вршителот на должност на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија г. Роберт Лидел.

На средбата министерот Беџети го информираше г-динот Роберт Лидел  како и останатите претставници од Делегацијата за реформските активности на Министерството за правда кои се превземат во однос на исполнување на препораките  на Европската Комисија во процесот на интерграциите  на Република Македонија, од аспект на натамошна имплементација на праванта рамка како и јакнење на институционалните капацитети.

На состанокот беа покренати различни прашања во однос на тековните активности на Министерството за правда кои е одговорно  за исполнување на приоритети од поглавјето 23 за правосудсво и фундаментални права,во насока на  натамошното зјакнување на независнота и професионализацијата на судсвото, како и, транспаретност во работењето на судовите.

Г-динот Лидел на средбата се интересираше за најновите активности кои што се превземаат од страна на министерството во оваа област,  при што министерот Беџети го извести г-динот Лидел за прашањето поврзано со  декриминализирање на клеветата, активностите во врска со подобрување на правната рамка во однос на изборната регулатива како и посветеноста на сите засегнати институции за ефикасна имплементација на новиот Закон за Кривична Постапка.

Министерот за правда изрази задоволство од досегашната поддршка, помош и соработка упатена од страна на Делегацијата на Европската унија во проектите важни за реформа на правосудниот систем, на што г-динот Лидел исто така изрази големо задоволство од презентираните информации за напредокот во областа на правосудството со уверување за продолжување на досегашната соработка.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk