Средба на министрите за правда и внатрешни од ЕУ и од земјите кандидати во Дрезден  
     
 

14.01.2007

 
 

По завршувањето на посетата во Хаг, делегација предводена од министерот за правда Михајло Маневски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска  ќе присуствува на неформалната министерска средба на министрите за правда и внатрешни работи во Меѓународниот Конгресен центар во Дрезден, СР Германија од 14 до 16 јануари 2007 година во рамките на Германското Претседателство на ЕУ. Темите за кои ќе се дискутира на конференцијата од областа на правдата се однесуваат на судската соработка во областа на семејното и наследното право, како и на електронската правда и употребата на информатичката технологија во областа на правдата.

На неформалниот министерски состанок, се очекува Министерот Маневски да оствари повеќе билатерални средби со колегите од земјите членки, како и од земјите аспиранти за членство во ЕУ со цел продлабочување на веќе етаблираната билатерална соработка и поддршка на реформските процеси во Република Македонија  и особено во делот на реформите на правосудството и организираниот криминал и корупција.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk