Средба на министерот Беџети со амбасадорот на Кралството Холандија г-ѓа Маријет Шурман  
     
 

22.03.2012

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети денеска оствари работна средба со делегација од  Кралството Холандија предводена од амбсадорот г-ѓа Маријет Шурман во чиј состав беше и г. Јаап  Вернер , Директор за Европски прашања - Министерство за надворешни работи  .

На средбата  и министерот Беџети и г-ѓа Шурман изразија задоволство од досегашната билатерална соработка во областа на правосудството и се заложија за продолжување на истата особено во спроведување на активностите поврзани со борбата против корупцијата  , судството и реформи во медиумската сфера особено на полето на слобода на изразување.

Министерот за правда Блерим Беџети ја запозна делегацијата со најновите активности кои ги презема министерството во повеќе области а особено  во доменот на  декриминализација на клеветата и навредата  и  слободата на изразувањето и медиумите .

На средбата беше заклучено да  се продолжи со соработката  и во однос на техничка помош која ја добива Република Македонија од Кралството Холандија  , која како што беше речено и понатаму ќе го негува партнерскиот однос кон нашата држава во процесите на Европската интеграција.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk