Денови на бесплатен правен совет – Министерот Беџети на средби со граѓаните на општините Петровец и Арачиново  
     
 

26.03.2012

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети  во рамки на деновите на бесплатен правен совет денеска  се сретна со граѓаните на општините Петровец и Арачиново .

Министерството за правда  согласно Законот за бесплатна правна помош  ги организира деновите на бесплатна правна помош со цел преку непосредни средби со граѓаните на Република Македонија да ги запознае со законската рамка и начинот и условите со кој можат да го остварат своето право на бесплатна правна помош.

 Овие средби се организираат во соработка и  активна партиципација   на претставници на  Нотарската комора  , извршители , медијатори и Адвокатската комора .

Министерот Беџети на средбите истакна дека досега поднесени се 272 барања за бесплатна правна помош , а донесени се 240 решенија  и 20 заклучоци со кои е запрена постапката за бесплатна правна помош. Останатите барања се во постапка .

Министерот Беџети потсети дека Законот е донесен во декември 2009 година а со примена започна во јули 2010 година.

Во Законот проширена е категоријата на лица кои имаат право на бесплатна  правна помош на лицата баратели на азил .

Ваквите денови на  бесплатна правна помош  Министерството ќе ги организира и во иднина истакна Беџети.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk