Во Врховниот суд одблежен Денот на правосудството на Република Македонија  
     
 

30.03.2012

 
 

Независноста на судскиот систем претставува основен столб на правниот поредок заснован врз принципот на владеењето на правото и на функционирањето на правната држава, истакна денеска министерот за правда Блерим Беџети на одбележување во Врховниот суд по повод 31 март – Денот на правосудството на Република Македонија.

Беџети посочи дека остварувањето и заштитата на човековите права во секое демократско општество најнепосредно се поврзани со ефикасноста на судството како самостојна власт во правниот систем на државата

Со реформските активности кои се преземаат, укажа министерот за правда, се јакнат капацитетите на правосудство, се забрзуваат судските постапки, се зголемува квалитетот на судските одлуки. Со воведувањето на современата технологија, пак, се зголемува транспарентноста на работата на судовите, со тоа и довербата на граѓаните  во судството, а од година на година се воспоставува систем на финансирање на судовите кој постојано се подобрува.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk