Завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ: ПРАВДА ЗА ДЕЦАТА  
     
 

06.04.2012

 
 

Министерството за правда во рамки на стратешката определба за пристапување во Европската Унија продолжува да ги спроведува реформите во правосудството.

Развивањето и спроведувањето на правата на детето во системот на малолетничка правда, се интегрален дел од оваа реформа со цел за обезбедување независно и ефикасно судство како гарант за човековите права и слободи.

Министерот за правда Блерим Беџети изрази големо задоволство што на завршната конференција имаше можност да  ги презентира резултатите од проектот ПРАВДА ЗА ДЕЦАТА, изразувајќи благодарност до делегацијата на Европската Унија и канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, за финансиската поддршка и реализација на овој проект.

Истовремено го поздрави и професионализмот и искрената посветеност на УНИЦЕФ во континуираното обезбедување на безусловна соработка и навремено и квалитено извршување на проектните активности.

„Од започнувањето со примената на овој закон, реализирани се бројни активности во насока на создавање на услови за ефикасна примена на законот. Имено, донесени се упатства и стандарди за постапување со децата во ризик и малолетници, донесени се програми и спроведени се основни и специјализрани обуки на кадрите во системот на малолетничка правда и формиран е Државнит совет за превенција на малолетничко престапништво„, потенцираше министерот за правда Блерим Беџети.

Министерот за правда Беџети, се надева дека во духот на добрите односи, ќе продолжиме да остваруваме взаемна соработка бидејќи  убеден сум дека така нашите деца преку овие иницијативи добиваат европска иднина.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk