Парафирани три договори за соработка во граѓанската и кривичната материја со Босна и Херцеговина  
     
 

10.04.2012

 
 

Денеска во Министерството за правда се одржа работна средба помеѓу делегациите од Министерствата за правда  на Република Македонија и Босна и Херцеговина, на која беа усогласени и парафирани текстовите на три договори:

1. Договор помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за правна помош во граѓански и кривични предмети,

2. Договор помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за екстрадиција,  и

3. Договор помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривични предмети.

Со склучувањето на овие договори ќе се поттикне и подобри соработката меѓу надлежните  органи од двете држави, со што ќе се овозможи побрза и поефикасна правна соработка.

Иако во примената на гореспоменатите договори во пракса немало проблеми меѓу двете држави, со текот на времето се уочи објективна потреба за унапредување на соработката во поглед на воспоставување на  директна комуникација  на надлежните органи на двете држави, формирање на заеднички истражни тимови заради преземање на истражни дејствија, особено кога се работи за тешки облици на криминал, да се доуреди екстрадицијата на сопствените државјани за кривичните дела од организираниот криминал, корупцијата и перењето пари.

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk