Зајакнувањето на Јавното обвинителство чекор повеќе во борбата против организираниот криминал  
     
 

24.01.2007

 
 

Министерот  за правда Михајло Маневски денеска присуствуваше на означувањето на почетокот на Tвининг проектот за борба против  организираниот криминал и корупцијата кој што ќе се реализира од страна на Одделението за борба против организираниот криминал и корупцијата при Јавното обвинителство на Република Македонија во соработка со  експерти и институции од Република  Италија.

Во своето излагање министерот Маневски рече дека Владата на Република Македонија е цврсто определена да не отстапи во борбата против организираниот криминал. Тој додаде дека преземените чекори за расчистување на неколку поголеми случаи, приведувањето на повеќе лица, меѓу кои и поранешни високи функционери, како и справувањето со урбаната мафија се доволен доказ дека декларативните заложби за борба против организираниот криминал стануваат реалност.

Министерот Маневски потенцира дека соработката со Министерството за правда на Република Италија е од исклучително значење за Република Македонија поради огромното искуство и успешното справување на италијанските органи со организираниот криминал.

Твининг проектот за зајакнување на капацитетите на Јавното обвинителство и обуката за успешна борба против организираниот криминал ќе трае две години, а е под раководство на Европската агенција за реконструкција.

Проект партнери се Јавното обвинителство на Република Македонија и Министерството за правда на Република Италија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk