Завршна конференција за проектот ИПА 2007 “Поддршка за ефикасно, ефективно и модерно функционирање на Управниот суд,,  
     
 

 
 

 

Бр. 18-04-2012

Скопјe,  ________

 

 

Влада на Република Македонија

 

Министерство за правда

 

Димитрие Чуповски  бр. 9  

1000 Скопје,

Република Македонија

 

Тел.         (02) 3 106 534

Фах.        (02) 3 110 443

 

Сајт:        www.justice.gov.mk

E-Mail:      cabinet@mjustice.gov.mk

Завршна конференција за проектот  ИПА 2007 “Поддршка за ефикасно, ефективно и модерно функционирање на Управниот суд,,

 

 

Министерот за правда Блерим Беџети осврнувајќи се на реализацијата на  Проектот истакна дека  Проектот ИПА  Поддршка за ефикасно, ефективно и модерно функционирање на Управниот суд” беше испланиран да обезбеди поддршка на Управниот суд и на останатите поврзани институции, поефективно и поефикасно да ја исполнуваат нивната  улога во поглед на имплементација на законската рамка и подигнувањето на професионалните квалификации на  судските службеници.

 

Управниот суд беше конституиран и започна со работа на 05.12.2007 година со вкупно 18 судии и во моментот судската функција ја вршат 28 судии.

 

            Министерот Беџети истакна дека со започнувањето со  работа на Управниот суд, практично се реализира едно многу важно  прашање од реформите на судскиот систем во Република Македонија.

 

            Овој суд рече Беџети  е пред се неопходна потреба за граѓаните на Република Македонија и во нивни интерес,  заради  остварување  и заштита на човековите права и слободи гарантирани со уставот и законите и меѓународните норми.

 

            Управниот суд е надлежен да одлучува во управните спорови заради обезбедување на судска заштита на правата и правните интереси  на физичките и правните лица и  заради обезбедување на законитост на актите на органите на државната управа, на   Владата, општините и градот Скопје, кога решаваат за правата и обврските  во поединечните управни работи.       

 

            Министерот Беџети истакна дека заради  јакнење на капацитетите, како на судиите, така и на судската администрација, како во Управниот суд, така и во новоформираниот Виш управен суд, се одвива процес на континуираната едукација. Преку Академијата за судии и јавни обвинители или преку други организатори, продолжи организирањето како на специјализирани обуки, бројни советувања и семинари во земјата и во странство, на теми од значење за функционирањето и за примената на одделни закони, што се непосредно поврзани со работата на Управниот и Вишиот управен суд.

 

 

Министерот Беџети  изрази  благодарност до Европската Комисија, за досегашната соработка и подршка изразена преку ИПА инструментот за пред-пристапна помош, како и останатите инструменти на поддршка ТАИЕХ, КАРДС, кои како што рече се  од огромно значење за Република Македонија во процесот на реформите на правосудството на патот кон  Европската Унија.

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk