Средба: министер за правда Блерим Беџети - Н.Е.г. Аиво Орав шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија  
     
 

02.05.2012

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети  денеска се сретна со шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија Н.Е. г. Аиво Орав, во придружба на г-ѓа Марина Курте, советник за европска интеграција и правни прашања.

На средбата министерот Беџети го информираше амбасадорот Орав за реформските активности на Министерството за правда во изминатиот период, и посебно се задржа на активностите на министерството околу претпристапниот дијалог на високо ниво.

Министерот Беџети  го истакна задоволството од активностите кои се одвиваа околу претпристапниот дијалог и нивото на дијалогот.

На средбата министерот Беџети ја нагласи потребата од зголемување на напорите за правична застапеност при изборот на судии и јавни обвинители.

Министерот Беџети  на средбата изрази задоволство од досегашната поддршка, помош и соработка упатена од страна на Делегацијата на Европската унија во проектите важни за реформа на правосудниот систем, на што Амбасадорот Орав возврати со уверување за продлабочување на соработката.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk