Делегација на министерството за правда на Република Македонија на 04 Мај 2012 година присуствување на првиот конгрес на Албанските нотари  
     
 

08.05.2012

 
 

Делегација на министерството за правда на Република Македонија предводена од шефот на кабинетот г-дин Башким Амети, и Лидија Кочева- раководител на одделение за надзор на работата на нотарите и медијаторите и преставници на Нотарската комора на Република Македонија присутвуваше на првиот конгрес на Албанските нотари што се одржа во Тирана- Република Албанија во организација на Нотарската комора на Република Албанија.

На првиот конгрес на Албанските нотари се говореше за развојот на нотаријатот во Република Албанија, нејзините досегашни резултати и овластувањата што ги имаат нотарите при вршењето на нотарската служба како и соработката со нотарските комори на соседните земји.

Исто така, се говореше за соработката на Нотарска Комора на Република Албанија со Унијата на латинскиот нотаријат, Комисијата за Европски прашања при Униијата, како и за соработката со Нотарските Комори во државите во кои постои нотаријатот како служба со јавни овластувања.

На овој конгрес присуствуваа високи преставници на институциите на Република Албанија како, премиерот на Република Албанија г-дин Сали Бериша, министерот за правда на Република Албанија , Едуард Халими, Претседателот на Нотарска КОмора на Република Албанија Мимоза Садушај, како и Претседателот на Комисијата за Европски прашања при Унијата, како и нотари и делегации од Република Италија, Хрватска, Унгарија, Црна Гора, Србија , Грција и Република Косово.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk