Средба на министерот за правда Беџети со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје - г. Ралф Брет  
     
 

10.05.2012

 
 

    

           Министерот за правда Блерим Беџети денеска се сретна со  шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот  г. Ралф Брет.

На средбата се разговараше за активностите на министерството  за правда околу изборното законодавство при што  министерот Беџети истакна дека е формирана  работна група за измена на изборното законодавство која работи согласно Препораките од конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР од набљудувањата на предвремените парламентарни избори во 2011 година.

Амбасадорот Брет истакна дека ОБСЕ го следи овој процес  и ги поддржува овие активности на министерството за правда.

На средбата во врска со последните случувања беше заклучено дека е неопходен правичен и транспарентен судски процес за сите осомничени.

Исто така беше истакнато дека почитувањето на етничките, религиозните и културните вредности е основен услов за довербата меѓу различните етнички заедници во една мултиетничка држава. Само правичен и транспарентен процес ќе ги тргне, оценија, сите сомневања за колективните судски процеси.

Министерот Беџети  и амбасадорот Брет ги повикаа цивилното општество, верските заедници, институциите и другите организации да дадат свој придонес за зачувување на толеранцијата, меѓуетничките и меѓурелигиските односи во земјата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk