Министерот за правда Блерим Беџети се сретна со делегација од Сенатот на Република Чешка  
     
 

14.05.2012

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети денеска се сретна со делегација на Сенатот на Република Чешка која ја предводеше амбасадорот на Чешката Република во Република Македонија г. Јозеф Браун.

На средбата се разговараше за усогласувањето на националното законодавство со правото на ЕУ, со посебен акцент на кривичното право, правосудството, човековите права како и за постапката на носење на законите во Република Македонија.

Министерот за правда Блерим Беџети ја запозна делегацијата со активностите на министерството и рече дека 2012 година за министерството е година на заокружување на програмските цели во делот на правосудството.

На средбата беше разгледана можноста за поблиска соработка на министерството за правда на Република Македонија и министерството за правда на Република Чешка.

Делегацијата од Сенатот на Република Чешка изрази задоволство од средбата и разговорите и вети поддршка на Република Македонија во евроатлантските интеграции.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk