СООПШТЕНИЕ  
     
 

18.05.2012

 
 

Министерството за правда на Република Македонија во соработка со надлежните министерства, институции и Народниот правобранител го изготви Четвртиот нацрт-извештај по Меѓународниот пакт на Организацијата на обединетите нации за граѓански и политички права. Извештајот беше изготвен согласно со: Упатствата за специфичен документ за договорот што треба да се поднесе од страна на државите членки согласно со  член 40 од Меѓународниот  пакт за граѓански и политички права  (Guidelines for the treaty-specific document to be submitted by States parties under article 40 of the International Covenant on Civil and Political (RightsCCPR/C/2009/1  од 22 Ноември 2010 година).

Министерството за правда е подготвено да  го вклучи граѓанското општество во Република Македонија со цел да добие нивно мислење за спроведувањето на Заклучните согледувања на Комитетот за човекови права за Република Македонија  содржани во документот (CCCPR/C/MKD/CO/2 од 3 април 2008 година), чиј степен на реализација е содржан во Нацрт -извештајот.

Мислењата добиени од граѓанското општество сметаме дека се неопходен дел од процесот на спроведување на Заклучните согледувања и Препораките на Комитетот на ООН за човековите права и се надеваме дека тие ќе претставуваат позитивен придонес за надлежните државни институции кон кои ќе бидат упатени.

Во оваа смисла, Министерството за правда на неговата веб страница го објавува Четвртиот нацрт-извештај по Меѓународниот пакт на Обединетите нации за граѓански и политички права со Прилогот 1, и наедно со тоа го поканува граѓанското општество во рок од 7 дена да достави мислења на следната и-мел адреса: covekoviprava@mjustice.gov.mk.

Министерството за правда, исто така, ги охрабрува сите субјекти од граѓанското општество, кои ќе пројават интерес за оваа проблематика, да соработуваат меѓусебно и да достават заеднички мислења, со што во многу ќе се олесни соработката со надлежните државни инстутуции во финализирањето на текстот на Нацрт –извештајот.

Ве молиме, мислењата да бидат јасни и концизни. Обединетите мислења  да не надминуваат повеќе од пет страници, а поединечните да не надминуваат две страници текст, со големина на фонт 11 и со користење на македонска поддршка.

Четврти Периодичен извештај на Република Македонија по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права


Прилог 1

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk