Министерството за правда организираше работилница за спроведување само-оценка за имплементација на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупција  
     
 

31.05.2012

 
 

                 Во рамки на процесот на спроведување на само-оценка на Република Македонија за имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (UNCAC) a согласно Механизмот за преглед на UNCAC, Република Македонија во рамките на првиот циклус треба да биде оценета кон крајот на 2012 година. Во оваа насока, Министерството за правда и Државната Комисија за спречување на корупцијата, со техничка и финансиска поддршка на Канцеларијата на УНДП во Скопје, организираа почетна еднодневна работилница за спроведување самооценка за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата која се одржа на 30 мај во хотелот “Аркаво Скопје.

Механизмот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата е формиран со цел да го оцени степенот на имплементација на Конвенцијата во домашното законодавство.  Истиот е од особена важност бидејќи им овозможува на државите да постигнат поголем напредок во борбата против корупција, а од друга страна го поттикнува партиципативниот и национален процес, особено заради својата тенденција да обезбеди сеопфатна рамка за справување со корупцијата.

                

   Работилницата е особено значајна бидејќи придонесе за запознавање на сите надлежни институции со Механизмот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата, како и со ОМНИБУС софтверот кој се користи за пополнување на Прашалникот за само-оценка (Self-assessment check list) во рамки на методологијата насловена “Надминување на минимумот барањата на механизмот за преглед на UNCAC ”.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk