Министерот за правда Блерим Беџети на 136 судски преведувачи им врачи решенија  
     
 

13.06.2012

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети денеска на 136 судски преведувачи им врачи решенија со кои се  поставуваат  за  постојани судски преведувачи во судовите во Република Македонија.

Министерот Беџети им честита и им посака успех во понатамошната работа и истакна дека заклучно со оваа деветта сесија испитот го положиле ­­­994 судски преведувачи за 22 странски јазици и јазиците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија и тоа за албански, англиски, босански, бугарски, германски, грчки, италијански, кинески, полски, португалски, руски, романски, словенечки, српски, турски, украински, француски, холандски, хрватски, црногорски, чешки и шпански. 

Истите се распоредени во 26 основни суда во Републикава.

Реформите во судството, на планот на обезбедување на правото на судски преведувач, со извршените измени во законите и подзаконските акти рече Беџети  придонесоа да се добијат соодветно обучени и искусни преведувачи, кои ќе ја извршуваат својата работа на најпрофесионален и одговорен начин.

На овој начин истакна Беџети  и Република Македонија ја подобрува состојбата на исполнување на критериумите на Европската Унија во спроведувањето на повеќејазичноста и јавната употреба на јазиците, како  утврдената  политика на унијата.

На крајот министерот Беџети ги повтори заложбите на Министерството за правда дека и  натаму ќе пружа сестрана помош и поддршка и ќе го поттикнува изучувањето и полагањето на сите јазици за потребите на судството и државата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk