Неформален состанок на министрите за правда и внатрешни работи во рамки на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ  
     
 

30.07.2012

 
 

Делегација од Министерството за правда предводена од министерот за правда Blerim Bexheti, на 23 и 24 јули учествува на Неформалниот состанок на Министрите за правда и внатрешни работи кој се одржува во Никозија, Кипар во рамки на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ.

Согласно Програмата и приоритетите, шестмесечното Кипарско претседателство со Европската Унија, започнато на 01 јули 2012 година, е фокусирано кон остварување на поефикасна политика, промовирање на напредок, просперитет, стабилност и мир, преку воспоставување на коехерентен и дологорочен пристап, засилена соработка базирана на заедничка доверба и солидарност, како и достигнување на водечка улога на Европската унија на меѓународно ниво.

На состанокот се дискутираа повеќе прашања релевантни за воспоставување и имплементација на политиките на Европската унија. Конкретно, темите , беа поделени на област Внатрешни работи и област Правда.

На вториот ден од неформалниот состанок (24.07.2012 година), наменет на прашања од областа на Правда, беа предвидени три сессии во рамки на кои беа опфатени темите: заштита на личните податоци, замрзнување и конфискација на средства стекнати од кривични дела сторени во ЕУ, како и Европски налог за замрзнување на сметки.

На состанокот учествува министрите за правда и внатрешни работи од земјите - членки во ЕУ, како и делегати од Норвешка, Швајцарија, Лихтенштајн, Исланд, Хрватска, ЕУРОЈУСТ, ЕУРОПОЛ, меѓународни организации и агенции, како и од земјите – кандидати за членство во ЕУ.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk