Проширување на соработката во областа на правдата меѓу Република Македонија и Република Кина  
     
 

31.01.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска имаше средба со  Неговата Екселенција Амбасадорот на Народна Република Кина Донг Чунгфенг.

На средбата стана збор за текот на реформите во областа на правосудството и борбата против организираниот криминал и корупцијата во Република Македонија, како и за модалитетите за продлабочувањето на билатералната соработка помеѓу двете земји.

Министерот Маневски го информираше амбасадорот Чунгфенг за напредокот на реформите во правосудството и текот на активностите во насока на обезбедување на ефикасен и независен судски систем.Минситерто Маневски рече дека согласно определбите на Владата се преземаат низа мерки за да се обезбеди успешна борба против организиран криминал и корупцијата. Тој додаде дека од особена важност во наредниот период е надзорот врз имплементацијата на законите. Министерот Маневски напомена дека за таа цел е потребно заокружување на правната рамка и примена на законите. Тој додаде дека во подготовка се законите за Јавно обвинителство и за Совет на јавни обвинители сонови решенија кои ќе обезбедат поефикасна борба против  организираниот криминал. Министерот Маневски потенецира и дека воправец на нашето интегрирање во ЕУ се врши интензивна хармонизација на законите со  европските стандарди и со меѓународните конвенции.

Амбасадорот Чунгфенг подвлече дека Министерството за правда има многу значајна позиција во управниот систем која се однесува на сите општествени области. Тој посочи дека Амбасадата на НР Кина ја увиде посветеноста на Владата на Република Македонија во борбата против организираниот криминал и посочи  дека постои голем простор за соработка помеѓу двете земји во пошироката област на правдата, поради тоа што проблемите во оваа област се заеднички.

Министерот Маневски и  амбасадорот Чунгфенг на крајот од средбата се согласија дека има потреба за понатамошен развој на билатералната соработка помеѓу двете земји во областа на правдата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk