Mинистерот за правда Blerim Bexheti го потпиша Писмото за согласност за спроведувањето на законите меѓу Владата на САД и Владата на РМ  
     
 

30.08.2012

 
 

Во Владата на Република Македонија се потпиша Писмото за согласност за спроведувањето на законите меѓу Владата на Соединетите Американски Држави и Владата на Република Македонија. Писмото се потпиша од министерот за правда Блерим Беџети и министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, од македонска страна и амбасадорот на Соединетите Американски Држави Н. Е Пол Волерс.


Денешниов ден е особено значаен за правосудните институции во Република Македонија бидејќи продолжува нашата соработка со Владата на Соединетите Американски Држави во областа на казненото право. Со потпишувањето на Писмото за согласност за спроведувањето на законите и неговата имплементација ќе се зајакнат капацитетите на институциите за борба против организираниот криминал и корупција во Република Македонија.

Посебно би го нагласил времето во кое го потпишуваме Писмото за согласност имајќи го предвид интензитетот на активностите кои се реализираат за подготовка за примена на новиот Закон за кривична постапка. Ова посебно се однесува на сегментот на обуките на судиите и јавните обвинители, опремувањето на надлежните институции, стручните експертизи и слично„, истакна Министерот за правда Blerim Bexheti.

Со потпишувањето на овој документ и неговата реализација, САД ќе помогнат во развојот на капацитетите на институциите во Република Македонија во борба против организираниот криминал и корупцијата. Помошта се однесува на проактивни пристапи во фазата на истрага и ефективно кривично гонење, лоцирање на одговорноста на сторителите и нивно казнување, како и унапредување на јавната безбедност и доброто владеење.

 Проектот предвидува обуки, донација во опрема, техничка поддршка и стручна експериза за Академијата за судии и јавни обвинители, Министерството за правда, Јавното обвинителство, судството, особено првостепените кривични судови.  

“Воедно, би сакал да истакнам дека потпишувањето на овој документ претставува продолжување на досегашната успешна соработка со нашите пријатели од Соединетите Американски Држави. Дозволете да истакнам дека со поддршка на ОПДАТ досега се реализирани бројни активности во областа на казненото право”, додаде Blerim Bexheti.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk