Прес-конференција во Владата на Република Македонија  
     
 

16.09.2012

 
 

Прес-конференција во Владата на Република Македонија :

Говор на министерот за правда Блерим Беџети  за Предлог законите за изменување и дополнување на Изборниот законик , Законот за финансирање на политичките партии,  Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик

Министерството за правда во рамките на утврдените активности за реализација на приоритетните цели за 2012 година на патот на Република Македонија кон Европската унија усвоени на Претпристапниот дијалог на високо ниво, како надлежен орган за изборното законодавство, пристапи кон изготвување на Предлог закон за   Изменување  и дополнување на  Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии, Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Овие законски рамки иако ги пропишуваат основните граѓански и политички права и слободи неопходни за спроведување на демократските избори, нивното натамошно подобрување се наметна заради усогласување со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди.

И покрај тоа што во Изборниот закони се имплементирани меѓународни стандарди за спроведување на изборите, но со оглед на тоа дека изборниот процес е динамичен процес, измената на ова законодавство се наметна  како неминовен процес согласно на препораките за подобрување на законските решенија дадени во  Конечниот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР од спроведените парламентарни избори 2011 година.

1.Со Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик се решаваат некои од препораките содржани во Конечниот извештај, со посебен акцент на приоритетните препораки како: одвојувањето на државата од политичките партии, финансирањето на изборната кампања;медиуми и набљудување на изборите;објавување на изборните резултати ; постапките за приговори и жалби како и други надградување на недоречености во Изборниот законик.

           2. Предлог законските решенија за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии се во насока на  имплементацијата на препораките дадени во последниот извештај на Советот на Европа- (ГРЕКО) во делот - “Транспарентност на финансирање на политичките партии“.

           На овој начин несомнено е дека  реформата на изборната регулатива треба да продолжи со цел за подобрување на законските решенија согласно на компаративните анализи на европското законодавство, но и да се предвидат соодветни активности за доследна примена на законите поврзани со изборите.

     3. На седницата на Владата на Република Македонија одржана на 14 септември 2012 година беа усвоени Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Oсновна цел нанаведените закони е да ја гарантираат слободата на изразување и информирање како една од битните основи на демократското општество. Со нивното донесување ќе бидат целосно декриминализирани навредата и клеветата.

            Со измените и дополонувањата на Кривичниот законик се врши декриминализирање на навредата и клеветата со тоа што се бришат сите кривични дела од главата која се однесува на честа и угледот. Би сакал да истакнам дека покрај кривичните дела „Навреда“ и „Клевета“, од оваа глава се бришат и останатите кривични дела: Изнесување на лични и семејни прилики; Омаловажување со префрлање за кривично дело; Повреда на угледот на Република Македонија; Излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците; Повреда на угледот на судот; Повреда на угледот на странска држава и Повреда на угледот на меѓународна организација.

     Материјата за граѓанска одговорност за навреда и клевета е уредена во новиот Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Притоа, посебно важни се начелата врз кои се заснова законот а кои даваат примат на Европската конвенција за човекови правад над домашното право.

           Би сакал да истакнам дека законските одредби се во целосна корелација со практиката и стојалиштата на Европскиот суд за човекови права која се однесува на членот 10 од Европката конвенција за човекови права.

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk