ОБСЕ ќе продолжи со поддршката на реформите во правосудството  
     
 

26.01.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Џорџо Радикати. На средбата стана збор за реформите во правосудството и  соработката на мнистерствотоа правда со мисијата на ОБСЕ.

Најнапред министерот Маневски рече дека соработката со ОБСЕ е многу добра и изрази надеж дека така ќе биде и во иднина. Тој го запозна г-н Радикати со реформите на правосудниот систем, кои се во фокусот на активностите на Министерството за правда. Министерот Маневски додаде дека изминатата година беше донесен пакетот  реформски закони и сега активностите се насочени кон нивната имлементација, што е од особена важност за да се видат резултатите во секојдневниот живот на граѓаните и да се подобри довербата во институциите, а особено во судскиот систем.

Министерот Маневски потенцира дека Владата е решена да води реална, а не вербална борба против корупцијата. Во таа насока, рече тој, покренати се голем број постапки, се работи на разрешување на два големи случаи и се води постапка против 27 лица.

         Господинот Радикати се заблагодари за срдечниот пречек и истакна дека е запознат за добрата соработка на Република Македонија со ОБСЕ. Тој рече дека откако ја прочитал кусата биографија на министерот Маневски, добил сознание дека станува збор за човек со знаење и искуство и дека правосудството е во вистински раце, зашто токму знаењето и искуството во млада земја се многу важни. Господин Радикати потенцира дека ОБСЕ ќе остане соработник и поддржувач на активностите на министерството за правда, зашто реформите се добро оценети од организацијата. Тој рече дека проблемите со корупцијата и организираниот криминал не се проблеми само на Македонија, туку на целиот регион, затоа е потребна регионална соработка.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk