Министерот за правда Блерим Беџети се обрати на Меѓународната конференција на Латинскиот нотаријат  
     
 

28.09.2012

 
 

Во своето обраќање пред присутните на  Меѓународната конференција  на Меѓународната Унија на Латинскиот нотаријат  што за прв пат се одржува во Република Македонија министерот Беџети истакна дека  со воведувањето на нотаријатот во Република Македонија се постигна поголема  ефикасност во остварувањето на правата, слободите и интересите на граѓаните и правните лица во правниот промет.

Во рамките на започнатиот процес на судски реформи, истакна Беџети, со Законот за вонпарнична постапка беше предвидена нова надлежност на нотарите да постапуваат како повереници на судот во однос на оставинските предмети, кои не се спорни. Така нотарите од 2008 година па наваму, успешно ја извршуваат својата должност во спроведувањето на оставинските постапки рече Беџети.

Во иднина истакна Беџети  нотаријатот ќе добива се поголемо значење во правниот промет на државата, а тоа значи судовите да се остават да ги решаваат спорните работи додека сите неспорни работи да се решаваат преку нотарите.

Во однос на бројот на нотарите Беџети рече дека во Република Македонија од вкупно 212 превидени нотарски места согласно Правилникот за бројот и распоредот на службените седишта на нотарите во Република Македонија, пополнети се 176 нотарски места, која бројка и понатаму ќе се пополнува таму каде што ќе се процени  дека има потреба, заради остварување на правата и интересите на граѓаните и правните лица.

На крајот посакувајќи им успешна работа на нотарите Беџети рече дека нотаријатот е многу значајна, одговорна и респектабилна институција во Република Македонија и ужива голема доверба кај граѓаните и правните лица, каде што истите се соодветно третирани и каде што брзо и ефикасно ги остваруваат своите права и во таа насока министерството за правда и понатаму во соработка со Нотарската комора ќе се залага за развој на нотаријатот следејќи ги современите европски решенија во Латинскиот нотаријат.

Говор на Министерот Блерим Беџети

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk