Соопштение  
     
 

15.10.2012

 
 

Состанок  на Работната група за измени на Изборниот законик

По најавите на министерот за правда Блерим Беџети дека Работната група за измените и дополнувањата на Изборниот законик ќе продолжи континуирано да работи, денеска  во просториите на Министерството за правда, истата одржа редовен состанок на кој беше предвидено донесување на акционен план, одредување на работната динамика на работната група како и наредни активности.

На состанокот се дојде заклучок дека работната група треба да продолжи со наредните активности  за разгледување на дадените сугестии од страна на ОБСЕ/ОДИХР  по донесувањето на измените  на Изборниот законик, кои во моментот се во собраниска процедура, со цел работната група да има појасна слика за тоа кои измени се прифатени од страна на Собранието на Република Македонија.

По донесување на измените на Изборниот законик, работната група ќе продолжи со наредните активности, каде, како и досега, присутни ќе бидат сите претставници од политичките партии, претставници од соодветните институции како и експерти ангажирани од страна на ОБСЕ/ОДИХР.

Тема на дискутирање  на наредната средба ќе бидат предлозите дадени од страна на ОБСЕ/ОДИХР, со единствена цел донесување на  Законик кој ќе го  подобри спроведувањето и текот на изборите во Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk