Министерот за правда Блерим Беџети денеска оствари средба со г.Роберт Валтер член на парламентот и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
На средбата министерот Беџети се осврна на реформските активности кои се во тек во министерството и донесените закони во таа насока.
Министерот Беџети во исто време ги запозна присутните со постапката на едукација на идните судии на Академијата за судии и јавни обвинители и за изборот на судиите.
Беџети истакна дека преземените мерки даваат резултати во насока на поефикасно судство и се заложи за континуитет во процесот на независност на судството и натамошна професионализација на судската функција.