Тирана , Албанија : Министерот Беџети учествува на неформален состанок на министрите за правда и внатрешни работи  
     
 

05.11.2012

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети придружуван од заменик министерот за внатрешни работи Џелал Бајрами, учествува на дводневен неформален состанок на министрите за правда и внатрешни работи кој во организација на ЕУ и под Кипарското претседателство денеска и утре се одржува во Тирана , Албанија .

На средбата министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од западен Балкан, ќе дискутираат околу проблематиката за спроведување на правото за движење на нивните државјани без визи во шенген зоната на ЕУ.

Целта на оваа средба е зајакнувањето на соработката меѓу Европската Унија и земјите од западен Балкан во областа на правдата, слободата и безбедноста, и дискусија на теми од заеднички интерес, како што се миграцијата, визната либерализација, борбата против трговијата со оружје, борбата против трговијата со луѓе, како и судската соработка во кривичната и граѓанската материја.

На неформалната средба освен министрите за внатрешни работи и за правда од Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, ќе присуствува и Комесарот на ЕУ за правда и внатрешните работи, Сесилиа Малмстром.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk