Министерот за правда Blerim Bexheti присуствуваше на Тркалезна маса под наслов „Установата положба на Јавниот обвинител на Република Македонија„  
     
 

12.11.2012

 
 

Министерот Bexheti во своето обраќање пред присутните нагласи дека изминативе години бевме сведоци на бројни реформи спроведени во јавно-обвинителската организација. Тие се втемелени на двата клучни стратегиски документи во областа на правосудството: Стратегијата за реформа на правосудниот систем од 2004 година и Стратегијата за казненото право од 2008 година. 

„Основната цел на овие реформи беше зголемување на капацитетите на јавното обвинителство во справувањето со криминалот, а особено со неговите организирани облици. Во таа насока особено беа насочени активностите за развивање на Основното јавно обвинителство за гонење сторители од областа на организираниот криминал и корупција„, рече Bexheti.

Најновите реформски активности во оваа област истакна Bexheti беа преземени со донесувањето на новиот Закон за кривичната постапка кој на јавното обвинителство му дава квалитативно нови надлежности. На нормативен план, наведените новини во Законот за кривичната постапка се доразработени и во останатите закони предвидени во Акциониот план, меѓу кои во оваа прилика особено би ги споменал Законот за судовите, Законот за јавното обвинителство и Законот за јавно обвинителска служба кои се изготвени од работните групи во рамките на Министерството за правда.

Во продолжение Bexheti ги спомна и презементите активности за примена на новиот Закон за кривичната постапка во делот на обуката. Во тие рамки рече Bexheti, со сесрдна помош на нашите партнери од ОПДАТ, ОБСЕ и Европската унија голем број јавни обвинители поминаа повеќе обуки на теми поврзани со различни аспекти од новиот Закон за кривичната постапка. Идниот период овие активности ќе бидат интензивирани преку реализација на специјализирани обуки, на кои, меѓу другите, учество ќе земат и јавните обвинители.

Во контекст на условите за работа на јавните обвинители Bexheti истакна дека за таа цел, изминатиов период Владата на Република Македонија одвои значителни средства за изградба на нова зграда во која ќе бидат сместени Јавното обвинителство на Република Македонија, Вишото јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство Скопје.

„Во рамките на ИПА Проектот, идниот период нашите активности ќе бидат насочени кон опремување на јавните обвинителства и особено истражниот центар. Како еден од нашите предизвици идниот период, нашето внимание ќе го посветиме и на градење информатички систем во јавното обвинителство кој ќе биде поврзан со постојниот информатички  систем во судството„, рече Bexheti.

На крајот министерот Bexheti се заблагодари за поканата и истакна дека пред нас се бројни предизвици во насока на натамошно јакнење на капацитетите на јавно – обвинителската организација, со што ќе се овозможи поуспешно и поефикасно справување со криминалот, особено неговите организирани облици.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk