Заменик министерот за правда Василевски во дводневна посета на Софија  
     
 

09.02.2007

 
 

Заменик министерот за правда Сашо Василевски   вчера и денеска е во посета на Министерството за правда на Република Бугарија, каде што оствари средба со заменик министерот Ана Караиванова.

Во разговорите на  замениците  министри Василевски и  Караиванова стана збор за  законските проекти кои што се во тек во двете Министерства за правда. Посебно внимание беше посветено на реформските активности во правосудството на  Република Македонија и искуствата на домаќинот во пристапувањето кон Европската унија.

Заменик министерот Василевски и заменик министерот Караиванова се задржаа и на реализацијата на алтернативните мерки во извршувањето на санкциите. Беа разменети искуства во областа на Меѓународната правна помош, како и за  бесплатната правна помош. Беше договорено двете Министерства за правда да продолжат и во иднина со блиската и интензивна соработка.

Заменикот министер за правда, Сашо Василевски во рамките на дводневната посета на Министерството за правда на Република Бугарија ги и посети затворот во Софија, Пробационата служба на Софија, Бирото  за бесплатна правна помош, а се сретна со директорот на Дирекцијата за извршување санкции.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk