Средба на заменик министерот за правда Билјана Бришкоска-Бошковски со Комесарот за човекови права на Советот на Европа, г-дин Nils Muižnieks  
     
 

29.11.2012

 
 

Заменик министерот за правда Билјана Бришкоска-Бошковски денеска се сретна со Комесарот за човекови права на Советот на Европа, г-дин Nils Muiznieks. Средбата се одржа во рамки на неговата посета на Република Македонија.

На средбата заменик министерот за правда Билјана Бришкоска-Бошковски истакна дека досегашните препораки на Комесарот за човекови права од неговата последна посета на Република Македонија во 2008 година дадоа дополнителен придонес и кореспондираат со националните активности за унапредување и спроведување на човековите права во Република Македонија во областите на реформата на правосудниот систем, борбата против корупцијата и криминалот и подобрување на условите во затворите.

Воедно, заменик министерот за правда го извести Комесарот за човекови права за напредокот во спроведувањето на препораките на Комитетот за превенција од тортура, усвоените измени и дополнувања на Кривичниот законик со кои се декриминализира навредата и клеветата и спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Република Македонија.


Тие го изразија и заедничкото задоволството од соработката и поддршката на Советот на Европа во спроведувањето на реформата на пенитенцијарниот систем во Република Македонија и последните измени на Кривичниот законик.

Заменик министерот за правда ја изрази определбата на Министерството за правда за натамошна соработка и спроведување на препораките на Комесарот за човекови права.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk