ЈАВЕН ОГЛАС за избор на тројца кандидати за судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур  
     
 

19.02.2007

 
 

Врз основа на член 22 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, Комисијата за избор на тројца кандидати за судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

OБЈАВУВА

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на тројца кандидати за судија од Република Македонија

во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Комисијата за избор на тројца кандидати за судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права ќе врши избор на:

Тројца (3) кандидати  за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур            

Услови за пријавување за секое заинтересирано лице:

1.      да е државјанин на Република Македонија,

2.      да поседува висока морална карактеристика и неопходни квалификации за вршење на високи судски функции или да биде признат правен советник,

3.      да има најмалку 8 години судиски стаж со потврдени резултати во работата или 12 години работно искуство со потврдени резултати на правни работи, или

-          да биде редовен или вонреден универзитетски професор, или

-          да има искуство од најмалку 8 години во областа на човековите права, и како истакнат активист во невладини организации во оваа област, и

4.      активно да го владее Францускиот или Англискиот јазик и да работи на еден од овие два јазика.

Заинтересираните кандидати се должни да ги достават доказите за исполнување на условите во оригинал или копија заверена на нотар, пропратени со КРАТКА БИОГРАФИЈА чиј образец е објавен на интернет страната на Министерството за правда http://pravda.gov.mk/oglasi/strazbur/Curriculum_Vitae.htm.

Рокот за доставување на пријавите изнесува осум (8) дена од денот на објавувањето на огласот во Службен весник на РМ.

Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.

Потребните документи во писмена форма, кандидатите да ги достават на следната адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

Комисија за избор на тројца кандидати за судија од Република Македонија

во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

ул. Димитрие Чуповски бр.9, 1000 Скопје

Согласно Препораката 1649 (2004) на Советот на Европа се поттикнува застапеност на кандидати од двата пола.

Предложените кандидати ќе бидат повикани на интервју од страна на ad-hoc Под - комитет на Комитетот за правни работи и човекови права на Парламентарното Собрание на Советот на Европа на локација по нивен избор, а конечниот избор на судија ќе се изврши од страна на Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Комисија за избор на тројца кандидати за судија од Република Македонија

во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Прилог 1      CURRICULUM VITAE

Прилог 2      Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи  изменета со Протоколот бр. 11

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk