ИЗВЕСТУВАЊЕ за основачкото Собрание на Комората на проценувачи  
     
 

26.12.2012

 
 

Почитувани,

Ве известуваме дека основачкото Собрание на Комората на проценувачи ќе се одржи на ден 29.12.2012 година во 11.00 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.

Регистрацијата за присуство на проценувачите е од 10.30-10.50 часот.

Материјалите за основачкото Собрание се дадени во прилог:

  1. Предлог - дневен ред за седницата на основачкото Собрание на Комората

  2. Предлог - Деловник за работа на Собранието на Комората на проценувачи на седницата на основачкото Собрание

  3. Предлог Статут на Комората на проценувачи

  4. Предлог Правилник за дисциплинска одговорност и постапка

  5. Програма за работа на Kомората на проценувачи за 2013 година

Ве известуваме дека присуството за основачкото Собрание е лично, без можност проценувачот да биде застапуван со дадено полномошно.

Право на лично учество на основачкото Собрание имаат:

 - лицата кои имаат уверение за проценувач од соодветна област и се вработени во друштво за процена регистрирано согласно со Законот за трговските друштва за вршење на   процена и има лиценца за   процена и е запишано во соодветен регистар за овластени проценувачи,

- физичко лице - трговец поединец кое е регистрирано согласно со Законот за трговските друштва за вршење на процена и му е издадена лиценца за процена, запишано во соодветен регистар за овластени проценувачи.

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk