Средба Bexheti – г. Ричард Ховит известувач на ЕП за Македонија и член на Поткомисијата за човекови права на Европскиот Парламент  
     
 

14.02.2013

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска се сретна со членовите на Поткомисија за човекови права на Европскиот парламент г. Ричард Ховит и г. Ципиран Матеи. На средбата  се разговараше  за активностите на министерството во однос на реформата на судскиот систем и реформата на кривичното законодавство при што беше истакнато дека Министерството за правда континуирано превзема активности во насока на зајакнување на судската независност и самостојност, преку редефинирање на општите услови за избор на судии,  воведување на систем на кариера при изборот на судии во повисоките судови, како и редефинирање на одредбите за утврдување на нестручно и несовесно работење на судиите и одредбите за дисциплинска постапка.

По однос на ефикасноста на судскиот систем,министерот Bexheti  рече дека  постигнато е намалување на севкупниот број на нерешени предмети во судскиот систем во целина, преку изземање од судска надлежност на неспорните предмети (оставински предмети, платните налози издадени врз основа на веродостојна исправа, извршни предмети кои се наоѓа кај судовите и присилната наплата на паричните казни во кривични и прекршочни предмети) и нивно пренесување во надлежност на нотарите, извршителите, односно Управата за јавни приходи, со што се обезбедува зголемување на ефикасноста на судовите, совладување на приливот и го намалување на заостатокот на предметите.

Министерот Bexheti го потенцираше прашањето на Изборниот законик и изборните правила  и рече дека министерството ќе продолжи континуирано да  работи со цел да бидат вградени сите преостанати  препораки дадени од ОБСЕ/ОДИХР.

Во однос на функционирањето на затворскиот систем во Република Македонија, министерот Bexheti истакна дека се преземаат активности за унапредување и реформа. Во таа смисла ќе биде реализиран  проектот “Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија” во чии рамки  ќе бидат изградени или реновирани 63.000 метри квадратни, поточно обнова, реновирање и изградба на нови објекти во четири установи и тоа: КПД Идризово, ВПД Тетово, Затвор Скопје и Затвор Куманово.

„Изградбата на објекти во комплексот на Затвор Куманово е во завршна фаза и се очекува да биде ставен во употреба до средината на оваа година. Постапката од првата фаза на КПД Идризово е во тек и се очекува кон средината на оваа година да започне изградбата. Со реализацијата на овој проект во значителна мера ќе се зголеми капацитетот на казнено-поправните установи и ќе се овозможат услови за престој на осудените лица согласно меѓународните стандарди“ , изјави министерот. Дополнително, тој ја потенцираше и изградбата на Воспитно поправниот дом за малолетници кој ќе биде изграден во Тетово.

Во однос на активностите за  унапредување на слободата на изразување и медиуми, министерот Bexheti  истакна дека  во ноември 2012 година донесен е Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и законот за  изменување и дополнување на Кривичниот законик со кои се изврши декриминалзација на навредата и клевeтата.

На средбата беше истакнато дека претпристапниот дијалог успешно ја поминува првата фаза на преговорите, при што истите се во функција на подготовка на пролетниот извештај за земјата и активностите во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво.

Претставникот на ЕП  г. Ховит истакна дека e потребно зајакнување на  политичкиот дијалог и  фокусирање на стратешките приоритети на земјата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk