Средба: Blerim Bexheti – делегација на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа  
     
 

25.02.2013

 
 

 

Министерот за правда, Blerim Bexheti, денеска оствари средба со претставници на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа кои се во функција на претходница на делегацијата на Советот на Европа за набљудување на локалните избори во Република Македонија.

На средбата, шефот на делегацијата г. Јури Ландберг се заблагодари за средбата и се осврна на подготовките за локалните избори кои треба да се одржат наредниот месец.

Министерот Bexheti рече дека Министерството за правда е подготвено за локалните избори. „Работната група, која работеше на измените на Изборниот законик ги имплементираше сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР кои се однесуваа на локалните избори, и ќе ја продолжи својата работа за имплементирање на сите преостанати препораки.“, изјави министерот.

Во однос на бојкотот на локалните избори, министерот Bexheti истакна дека во ваков сериозен момент одлуката за бојкот ќе остане како дамка на изборниот процес. Тој нагласи дека смета дека и власта и опозицијата треба да работат за интересите на државата, а бојкот не е опција за локалните избори.

Во однос на остварувањето на правото на глас преку биометриските документи, делегацијата беше информирана дека со овој чин се отстрануваат сомнежите за нерегуларности во изборниот процес. На средбата и министерот Bexheti и претставниците на делегацијата се заложија за понатамошни средби и продолжување на соработката.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk