Состанок на Работната група за подготовка на насоки за натамошен развој на правосудството  
     
 

28.02.2013

 
 

Денеска во Врховниот суд на Република Македонија се одржа првиот состанок на Работната група која ќе работи на подготовка на насоки - рамки за натамошен развој на правосудството. Во Работната група предводена од министерот за правда Blerim Bexheti,  членуваат заменик министерката Билјана Бришковска Бошковски, претседателот на Врховниот суд, Јавниот обвинител, претседателот на Судскиот совет, претседателот на Советот на јавни обвинители, претседателот на МАНУ, Народниот правобранител, Државниот правобранител и други.

Целта на состанокот е секој претставник од работната група во рамките на својата институција да ги произнесе проблемите со кои се соочува неговата институција, служејќи се со оценката на Европската Комисија, поточно извештајот на Советот на Европа за реформите во правосудството на Република Македонија.

На денешниот состанок се отвори дискусија околу примената на законите со измените и дополнувањата од 2010 година, па се до денес, со посебен акцент на стручноста и  професионалноста при одлучувањето на судиите, обвинителите, обудсманот, државното правобранителство и слично, при што беше констатирано дека со воведувањето на институтот во разумен рок и посебното одделение на Врховниот суд на Република Македонија, генерално има напредок во брзото и ефикасно решавање на судските предмети.

На состанокот беше даден рок до кој сите институции треба да подготват извештај во врска со работата, проблемите со кои се соочуваат и со конкретни предлог-заклучоци за да на наредната седница, работната група за подготовка на насока - рамка за натамошниот развој на правосудството, може да направи програма со конкретни предлози за понатамошно дејствување. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk