Средба: Blerim Bexheti – г. Герт-Хинрих Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР  
     
 

04.03.2013

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска се сретна со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од шефот на мисијата г. Герт-Хинрих Аренс. Централна тема на средбата беа подготовките за претстојните локални избори. Амбасадорот Аренс се интересираше за состојбата на избирачкиот список и реализацијата на избирачкото право во затворските установи.

Министерот Bexheti ја информираше делегацијата дека во рамките на Државната изборна комисија беше формирана Работна група составена од претставници на сите политички партии, како и од министерството за правда, кои заедно учествуваа во прочистување на избирачкиот список.

„Оценката е дека комисијата успешно ја има завршено својата работа, со тоа што нема реакции во врска со работата на комисијата и прочистувањето на избирачкиот список“, изјави Bexheti.  

Во врска со гласањето на затворениците, министерот истакна дека како и на сите досегашни избори, така и на овие локални избори, акредитираните набљудувачи ќе можат да ги следат изборите во затворите.

Истовремено, министерот Bexheti информираше за измените во Изборниот законик со кои ѝм се овозможува на лицата кои се наоѓаат во куќен притвор да го остварат своето право на глас, одредба која беше и една од препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

На крајот на средбата, министерот Bexheti изрази подготвеност за соработка и средби со набљудувачката мисија и во наредниот период.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk