Во Секторот за координација на работите на министерот се вршат работи и задачи со кои се обезбедува логистичка поддршка на министерот и координација на странска помош.
Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку; - Одделение за координација на работите на министерот; - Одделение за односи со јавноста; - Одделение за координација на странска помош
Во Одделението за координација на работите на министерот се вршат следните работи и задачи : -работи и задачи од делокругот на министерот; -постапување по претставки на граѓани доставени до министерот; -вршење на работи од меѓународната соработка и коресподенција на министерот; -вршење протоколарни работи, планирање на дневни задолженија, подготвување и закажување на средби на министерот, подготвување на говори и излагања; -средување и чување на документација за седници на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија и нивните работни тела; -организација и евиденција за работата на Колегиумот; -водење на евиденција за прописите и другите акти од надлежност на Министерството; -вршење на организациско-технички и протоколарни работи.
Во Одделението за односи со јавноста се вршат следните работи и задачи : -остварување и контакти со средствата за јавно информирање и организирање на средба и со претставниците на медиумите и на информативните гласила; -следење на средствата за јавно информирање; -следење и анализа на јавното мислење; -уредување на WEB страната на Министерството за правда; -прибирање, систематизирање и ажурирање на податоци и информации на WEB страната;
Во Одделението за координација на странска помош се вршат следните работи и задачи : -координација и следење на процесот на програмирање, имплементација, мониторинг и евалуација (на ниво на проект); -обезбедување на конзистентност со системот на стратешко и буџетско планирање и Програмата на Владата на Република Македонија; -воспоставување на информационен систем со податоци за проекти (Database); -регистрација и евиденција на нови проекти финансирани од билатерални и мултилатерални донатори (УСАИД, ОБСЕ, УНДП, УНИЦЕФ и др) во датабазата; -изготвување на квартални и годишни извештаи за реализација на проектите; обезбедува комплементарност на странска помош; -усогласување на програмите во нивната реализација, отстранување на евентуални пречки; -собирање, анализа и доставувањето на информации за напредокот на проектот; -организирање на координативни состаноци со донаторите кои ги поддржуваат реформите во правосудството со цел информирање за активностите реализирани во рамки на проектите; -утврдување на идните приоритети за соработка со донаторите во областа на правосудство; -соработка со ИПА одделението со Секретаријатот за европски прашања, и другите надлежни органи; -разменување информации со донаторите и корисниците на помошта. |