СЕКТОРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ И КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ
 

Функција: : Раководител на сектор

Име и презиме: Маја Малјановска

Контакт
02/3235 217
e-mail: mmaljanovska@mjustice.gov.mk

Во Секторот за управување со човечки ресурси, стратешко планирање и креирање на политики се вршат работи од делокругот на управувањето со човечките ресурси, остварувањето на правата обврските и одговорностите на вработените, утврдувањето на стратешките приоритети и Годишната програма на Министерството и следењето на нивната реализација.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

-     Одделение за управување со човечки ресурси;

-     Одделение за стратешко планирање  и креирање на политики

Во Одделението за управување со човечки ресурси се вршат следните работи и задачи :

-проучување и единствена примена на законите и подзаконските акти во врска со остварувањето на правата, обврските и одговорностите на вработените;

-учество во изготвување на законски и подзаконски акти во врска со остварувањето на правата, обврските и одговорностите на државните службеници;

-изготвување поединечни акти во врска со остварувањето на правата, обврските и одговорностите на државните службеници и другите вработени и давање мислења и упатства по истите;

-изготвување на акти за внатрешна организација и систематизација;

-организирање и спроведување на постапката за вработување;

-планирање, евиденција и следење на обуката, стручното оспособување и усовршување на државните службеници, вработени во Министерството;

-подготвување и стручна и аналитичка обработка на податоци заради градење на стратегија и концепт за вработувањето во Министерството за правда;

-прибирање на анкетните листови за пријавување на имотната состојба и изјавите за судир на интереси на вработени;

-водење и ажурирање на евиденција на анкетните листови за пријавување на имотната состојба и изјавите за судир на интереси на вработени.

Во Одделението за стртешко планирање и креирање на политики се вршат следните работи и  задачи:

-дефинирање и утврдување на стратешките цели на Министерството;

-организација, координација со секторите во Министерството за правда и изготвување на стратешкиот план на Министерството за правда;

-остварување соработка со надлежните органи во процесот на изготвувањето на стратешкиот план;

-следење на степенот на реализација на стратешкиот план на Министерството за правда;

-изготвување анализи и информации за резултатите од остварувањето на стратешките приоритети, како основа за изготвувањето на стратешкиот план за наредната година;

-проучување и единствена примена на законите и подзаконските акти во врска со стратешкото планирање;

-организација, координација и изготвување на предлог-Годишната програма за работа на Министерството за правда;

-обединување на програмите за работа на организационите облици;

-следење на степенот на реализација на Годишната програма за работа;

-организирање, насочување и координирање на работата во врска со материјалите и актите кои се доставуваат до Собранието, Владата и нивните работни тела;

-следење на реализацијата на заклучоците на Владата и Генералниот колегиум;

-средување и чување на документација за седници на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија и нивните работни тела;

-организација и евиденција за работата на Колегиумот;

-водење на евиденција за прописите и другите акти од надлежност на Министерството;

-вршење на организациско-технички и протоколарни работи.

 

 

 

 
  Организација на Министерството за правда
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk