СЕКТОР ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
 

Функција: : Раководител на сектор

Име и презиме: Милева Младеновска

Контакт
централа: 3116648, локал: 229
e-mail: mmladenovska@mjustice.gov.mk

Во Секторот за финансирање се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на финансиско планирање и анализа, материјално-финансиско работење

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

-  Одделение за буџетска координација;

-  Одделение за буџетска контрола;

-  Одделение за сметководство и плаќање;

Во Одделението за буџетска координација се вршат следните работи и задачи :

-координирање процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;

-вршење работи кои се однесуваат подготвување, изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план во делот на финансиите ;

-давање предлози за воспоставување/укинување на ex ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола;

-задолжително давање мислење по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во Министерството и на други органи кои би можеле да имаат финансиски импликации за буџетот на Министерството;

-изготвување на план за воспоставување на финасиското управување и контрола, како и методологија за спроведување на планот кои ги одобрува министерот;

-следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење;

-давање мислење по водење евиденција за состојбата на жиро-сметката на Министерството за правда и за користење на средства по позиции;

-подготвување на извештај за реализирани програми, проекти и договори;

-подготвување на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;

-вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиското управување и контрола;

-подготвување на Годишниот финансиски извештај согласно Законот за јавна внатрешна контрола.

Во Одделението за буџетска контрола се вршат следните работи и задачи :

-контрола на извршувањето на буџетот;

-контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола);

-следење на реализацијата на договорите за јавните набавки и спроведување ex ante и ex post финансиска контрола-вршење документирана контрола на комплексноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници, работни налози, приемници и др. и нивна усогласеност со договорот за јавни набавки);

-изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот;

-следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандарди упатства) од областа на финансиското управување и контрола;

-контрола на расположливоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред пеземањето на обврските.

Во Одделението за  сметководство и плаќање се вршат следните работи и задачи :

-спроведување на сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финансискиот план и подготвувањето на годишна сметка (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, контролиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи);

-сметководствено евидентирање на основните средства на субјектот, евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски;

-буџетско и финансиско известување;

-заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба;

-изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на Министерството и неговите органи во состав и единките корисници согласно законските прописи;

-ex ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето, согласно пишаните процедури за сметководствените процеси;

-следење и примена на законската регулатива од областа на сметководственото, материјалното и финансиското работење;

-секојдневно водење на благајнички работи и трезор;

-пресметка и исплата на платите на вработените.

 

 

 

 

 

 
  Организација на Министерството за правда
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk