СЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА ПРАВНА СОРАБОТКА
 

Активности:
Во рамки на работното место- раководење со : 4 Одделенија за –Меѓународно правна соработка; Човекови права и компаративно-правни анализи; Соработка со НАТО и Борба против корупцијата
Објавени публикации, статии, реализирани предавања, обуки на теми- Антикорупција, Транснационален организиран криминал, Тероризам, Малолетничка правда, Ратификувани меѓународни правни инструменти, Препораки на ГРЕКО на Совет на Европа, Систем за заштита на човековите права.

Во Секторот за европска интеграција и меѓународно-правна соработка се вршат работите што се однесуваат на остварување на меѓународната соработка, човековите права и остварување на процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

- Одделение за меѓународно-правна соработка;

- Одделение за човекови права и компаративно-правни анализи;

- Одделение за соработка со НАТО;

- Одделение за координација на активностите против корупцијата

Во Одделението за меѓународно-правна соработка се вршат следните работи и задачи :

-следење на меѓународно-правниот поредок, подготвување предлози за поведување на постапка за потпишување и ратификација на меѓународно-правни инструменти со анализа на законската регулатива,

-изготвување на мислења за потребите од пристапување кон конвенции и протоколи од надлежност на други министерства;

-соработка со Европскиот Комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ), заради исполнување на обврските содржани во Европските конвенции за човекови права и за заштита од мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување; организирање на посетите на КПТ на судовите и затворите, произнесување по неговите извештаи за констатираните состојби и постапување по препораките и забелешките;

-континуирана соработка и поддршка на активностите на Кривичниот суд за поранешна Југославија (Хашки Трибунал), како и во спроведувањето на истрагите и гонењата на лицата обвинети за сериозни кршења на меѓународните норми;

-активности за континуирана соработка со меѓународните органи и организации (ООН, СЕ, ОБСЕ, ОЕЦД), нивните тела, органи и комитети, активности за реализација на нивните препораки и следење на имплементацијата на препораките;

Во Одделението за човекови права и компаративно-правни анализа се вршат следните работи и задачи :

-активности во насока на подготвување на иницијални, редовни и периодични извештаи за компатибилноста на националното законодавство со ратификуваните меѓународни инструменти, учество во одбраната на извештаите што произлегуваат како обврска од истите;

-подготвување на извештаи за реализација на обврските што произлегуваат од меѓународните документи за националните малцинства;

-активности за реализација на препораките од меѓународните организации, дисеминација на релевантните препораки и материјали до надлежните органи и одговорните државни службеници, иницирање и реализирање на национални активности (предлагање на законски решенија или други активности) за имплементација на препораките и следење на нивната имплементација;

-комуникација со надлежните судови, прибирање на релевантна документација и други активности врз основа на поднесени индивидуални барања против Република Македонија, пред Комитетот за човекови права на ОН;

-активности за континуирана соработка со меѓународните органи и организации (ООН и СЕ) нивните тела и комитети како и активности за u~estvo vo реализација на програми и проекти;

-континуирана соработка со СЕ на планот на превенција и борба против трговија со луѓе и имплементација во националното законодавство на мерките и стандардите на СЕ;

-активности за соработка со невладиниот сектор, и активности за реализација на заеднички проекти и програми;

-постојано следење на примената на Европската конвенција за човекови права, и други документи за слободите и правата и на нивно имплементирање во националното законодавство и подготвување на извештаи за реализација на обврските;

Во Одделението за соработка со НАТО се вршат следните работи и задачи :

-учество во активностите за реализација на обврските што произлегуваат од Акциониот план за членство и изготвување и спроведување на Годишните Национални програми на Република Македонија за подготовка за членство во НАТО;

-изготвување на информации за напредокот на РМ во реализацијата на Годишната национална програма за членство во НАТО

-редовно учество на состаноците на Република Македонија со Северно Атлантскиот Совет на НАТО (26+1) во Брисел;

-учество во експертските тимови на Работниот комитет за интеграција на Република Македонија во колективните системи за одбрана;

-учество во работните групи за усогласување на националното законодавство со актите на НАТО;

-следење на спроведувањето на СОФА договорот и Основниот договор со техничките анекси, помеѓу Република Македонија и НАТО, за дејствување на НАТО мисии во Република Македонија, во делот од надлежност на Министерството за правда.

Во Одделението за координација на активностите против корупцијата се вршат следните работи и задачи :

-координација на Владиниот Акциски план за борба против корупција (следење на имплементацијата на Акцискиот план и подготовка на квартални и годишни информации за степенот на неговата реализација);

-изготвување на Буџет на Акцискиот план, координација на активностите за ревизија на истиот;

-координација на работата на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупција и подготовка на извештаи за неговата работа;

-активности за соработка со Советот на Европа на планот на борбата против корупцијата преку учество во ГРЕКО (Група на држави за борба против корупцијата), следење на имплементацијата на препораките на ГРЕКО, подготвување на материјали и одбрана на Извештаите за оценка;

-соработка и учество во работата на MONEYVAL (Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари) при Советот на Европа, учество во одбраната на Извештаите на Република Македонија подготвени од страна на Комитетот на MONEYVAL по спроведената евалуација;

-учество во активностите во рамките на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа  и други регионални иницијативи и форми на соработка, преземање на активности за реализација на проектите, препораките и декларациите во рамките на овие иницијативи, како и следење на нивната имплементација;

-континуирана соработка со Канцеларијата на Обединетите Нации за дроги и криминал – UNODC и други агенции на Обединетите Нации на планот на борбата против корупцијата;

-континуирано следење на анти-корупциската правна рамка на Република Македонија;

-континуирано следење на меѓународните стандарди и инструменти во областа на борбата против корупцијата и активностите за усогласување на домашното анти-корупциско законодавство со истите;

-собирање и анализа на статистички податоци за работата на правосудните органи во однос на предметите за корупција;

-соработка со домашни и меѓународни невладини организации од областа на анти-корупцијата;

 

 

 

 

 

 
  Организација на Министерството за правда
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk