СЕКТОР ЗА ПРАВОСУДСТВО
 

Во Секторот за правосудство се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на судството, јавното обвинителство, државното правобранителство, другите правосудни органи, адвокатурата и други видови на правна помош, наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи, амнестијата и помилувањето, кривичната, парничната и вонпарничната постапка, прекршоците, интелектуална сопственост и вештачење.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

            -    Одделение за нормативна дејност во кривичната и граѓанска материја.

-    Одделение за судови, јавно обвинителство и други правосудни органи;

-    Одделение за помилување и надомест на штета;

- Одделение за постапување по претставки и поплаки по работата на правосудните органи;

-    Одделение за дејноста вештачење и процена;

-   Одделение за следење на применат на меркаТ конфискација и казнат забрана на вршење професија, должност и дејност.

Во Одделението за нормативна дејност во кривичнатата и граѓанската материја се вршат следните работи и задачи :

-подготвување на предлози за донесување на закони, нацрти на закони и предлози на закони и други прописи и општи акти во кривичната и граѓанската материја;

-изготвување на анализи за спроведување на законите од кривичната и граѓанската материја;

-изготвување на компаративни анализи и анализи за меѓународните стандарди од кривичната и граѓанската материја;

-изготвување на мислења по закони и иницијативи за оценка на уставноста на законите од кривичната и граѓанската материја;

-следење и имплементација на законите од кривичната и граѓанската материја.

Во Одделението за судови, јавно обвинителство и други правосудни органи се вршат следните работи и задачи:

-подготвување на предлози за донесување на закони, нацрти на закони и предлози на закони и други прописи и општи акти во областа на судството, јавното обвинителство, адвокатурата и другите правосудни органи;

-изготвување на извештаи, мислења, анализи, осврти, информации и други материјали што се однесуваат на работата на судството, јавното обвинителство, адвокатурата и другите правосудни органи;

-следење и проучување на работата на судството во врска со организација, навременоста, експедитивноста и ажурноста во нивното работење;

-остварување соработка со јавното обвинителство по прашањата на обезбедување на општите услови за работа, како и по други прашања од заеднички интерес;

-учество во вршење надзор над управното работење и во вршењето надзор над ажурното работење;

-донесување на Судски деловник;

-водење грижа за спроведувањето на Судскиот деловник и дава упатство и објаснувања на негова примена и врши увид во врска со примената на Судскиот деловник;

-следење на работата на правосудните институции и подобрување и усовршување на нивната работа;

-следење на остварувањето на имплементацијата и заштитата на интелектуалната сопственост;

-следење и имплементација на реформата во правосудниот систем во рамките на надлежностите на секторот;

-извршување на работи во врска со правосудната управа;

-вршење на работите во врска со полагањето на правосудниот испит;

-водење евиденција за судиите, која содржи податоци за името и презимето, датумот и местото на раѓање, националноста, местото на живеење, степенот на образованието, стручниот назив, познавањето странски јазици, како и други податоци определени со закон;

-водење евиденција за припадниците на судската полиција, вршење увид во безбедносната состојба на судовите и давање препораки и насоки за нејзино подобрување;

-водење евиденција за јавните обвинители, која содржи податоци за името и презимето, датумот и местото на раѓање, националноста, местото на живеење, степенот на образованието, стручниот назив, познавањето странски јазици, како и други податоци определени со закон;

-прибирање и водење на статистички податоци и изготвување на статистички извештаи за работата на судовите и јавните обвинителства;

-водење на редовна судска статистика и изготвување на годишни статистички евиденции, прибирање и обработка на статистички податоци;

-собирање и обработка на податоци.

Во Одделението за помилување и надомест на штета се вршат следните работи и задачи :

-изготвување на предлози за помилување на поименично осудени лица и изготвување предлози по одлука на Претседателот на Република Македонија (групни) помилувања;

-вршење на работите во врска со надомест на штета на лица неоправдано осудени и неосновано или незаконито лишени од слобода;

-вршење на прием, распоредување и заведување на поштата за помилување и претставки;

-ракување со печати и штембили, вршење на административни и тековни работи и архивирање на предмети од помилување и поплаки.

Во Одделението за постапување по претставки и поплаки по работата на правосудните органи се вршат следните работи и задачи :

-постапување по претставките и поплаките на граѓаните на работата на судовите кои се однесуваат на оддолжување на судската постапка или на работата на судските служби;

-испитување на претставките и поплаките на граѓаните што се однесуват на работата на јавните обвинители и другите правосудни органи;

-изготвување на информации, анализи и други материјали кои се однесуваат на претставки и поплаки на граѓаните што се однесуват на работата на јавните обвинители и другите правосудни органи;

-водење евиденција на претставките кои се поднесени по работата на судовите, јавните обвинители и другите правосудни органи;

Во Одделението за дејноста вештачење и процена се вршат следните работи и задачи :

-подготвување на предлози за донесување на закони, нацрти на закони и предлози на закони и други прописи и други општи акти во областа на вештачењето;

-изготвување на извештаи, мислења, информации, анализи, осврти и други материјали кои се однесуваат на работата на дејноста вештачење;

-преземање на административно-техничките работи за спроведување на стручниот испит;

-постапување по барања за лиценца на вештак;

-водење на регистар на лиценците на вештак;

-постапување по барања кои се однесуваат на работата на вештаците;

-следење и вршење надзор над спроведувањето на законските и подзаконските акти во областа на процената;

-вршење на надзор на Збирниот регистар на проценители во Комората на проценители;

Во Одделението за следење на примената на мерката конфискација и казната забрана на вршење професија, должност и дејност :

-собирање податоци од судовите за изречена мерка конфискација на имот, имотна корист и одземање на предмети во кривична и прекршочна постапка; 

-вршење анализа на казнената политика на судовите за изречени мерки конфискација на имот, имотна корист и одземање на предмети во кривична и прекршочна постапка;

-давање предлози за унапредување на законската рамка во делот на конфискацијата и казната забрана на вршење професија, дејност или должност;

-следење меѓународните стандарди содржани во меѓународните документи кои се однесуваат на конфискација на имот и казната забрана на вршење професија, дејност или должност;

-собирање податоци од судовите за изречена казна забрана за вршење професија, дејност и должност Собира податоци од судовите за изречена казна забрана за вршење професија, дејност и должност;  ;

-вршење анализа на казнената политика на судовите за изречени казна забрана на вршење професија, дејност или должност врши анализа на казнената политика на судовите за изречени казна забрана на вршење професија, дејност или должност;

 
  Организација на Министерството за правда
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk