СЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА ПРАВНА ПОМОШ
 

Функција: : Раководител на сектор

Име и презиме: Верка Цветановска

Контакт
централа: 3116648, локал: 219
e-mail:verka.cvetanovska@mjustice.gov.mk

 

Во Секторот за меѓународна правна помош се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на склучување на двострани договори за меѓународна правна помош, екстрадиција и трансфер на осудени лица, и меѓународната правна помош во постапувањето по замолници во кривичната и граѓанската област.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

-     Одделение за екстрадиција и трансфер;

-     Одделение за постапување по замолници во кривична и граѓанска материја;

Во Одделението за екстрадиција и трансфер се вршат следните работи и задачи :

-вршење на работите на екстрадиција;

-вршење на работите по предметите за трансфер на осудени лица, македонски државјани, кои издржуваат казна затвор во казнено-поправните установи на странски држави и на странски државјани ки издржуваат казна затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија ;

-известување за притвор на странски државјани во Република Македонија и давање на одобрение за посета, како и за известување за притвор на македонски државјани во странски држави;

-соработка со Министерството за внатрешни работи, Казнено-поправните установи и ИНТЕРПОЛ во врска со лица кои се наоѓаат во екстрадиционен притвор и на издржување казна затвор;

-водење на статистика по предметите од екстрадиција и трансфер на осудени лица;

-постапување по замолници на домашните и странските судови во укажувањето на правна помош во кривичните предмети за казнена евиденција,  во кривични предмети за кривично гонење и во кривичните предмети за отстапување на списи;

-вршење на работите во изготвувањето и склучувањето на двостраните договори во областа на меѓународната правна помош и следење на нивната примена;

-следење на ратификуваните конвенции, заради нивна имплементација при постапување по предметите од меѓународна правна помош;

-следење и примена на Европската конвенција за екстрадиција, Европската конвенција за трансфер на осудени лица и Европската конвенција за правна помош во кривичната материја со дополнителните протоколи;

-изготвување на извештаи и анализаи за Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија од областа на меѓународната правна помош;

-соработка со дипломатско-конзуларните претставништва во Република Македонија и дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странски држави при меѓународна правна помош;

-вршење прием, распоредување и заведување на пошта од областа на меѓународната правна помош;

-ракување со печати и штембили, вршење на административни и тековни работи и архивирање на предмети од меѓународната правна помош.

Во Одделението за постапување по замолници во кривична и граѓанска материја се вршат следните работи и задачи:

-постапување по замолници на домашните и странски судови во укажувањето на меѓународна правна помош во кривичните и граѓанските предмети за врачување и сослушување;

-постапување по замолници на домашните и странски судови во укажувањето на меѓународна правна помош за признавањето и извршувањето на странските судски одлуки во кривичните и граѓански предмети;

-постапување по замолници на домашните и странските судови во укажувањето на правна помош во кривичните предмети за врачување;

-давање на мислење за прашања во врска со реципроцитет на странски државјани во Република Македонија;

-постапување по предмети кои се однесуваат на алиментациони побарувања, согласно Њујоршката конвенција за алиментациони побарувања;

-водење статистика по граѓанските предмети;

-вршење на работите во изготвувањето и склучувањето на двостраните договори во областа на меѓународната правна помош и следење на нивна правилна примена;

-следење на ратификуваните конвенции, заради нивна имплементација при постапување по предмети од меѓународна правна помош во граѓанската материја;

-следење и примена на Хашката конвенција за граѓанска постапка, Хашка конвенција за укинување на потребата на странски правни исправи, Конвенција за остварување на алиментациони побарувања во странство, Конвенциите кои се однесуваат на признавање и извршување на странски арбитражни судови и др.;

-изготвување на извештаи и анализи за Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија од областа на меѓународната правна помош;

-соработка со дипломатско-конзуларните претставништва во Република Македонија и дипломатско-конзуларни претставништва на Република Македонија во странски држави при меѓународна правна помош;

-прием, распоредување и заведување на пошта од областа на меѓународната правна помош.

 

 

 
  Организација на Министерството за правда
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk