20.10.2017
  Средба Саљији- Дукс
  повеќе
 
  19.10.2017
  Средба на Министерот за правда Саљији со евроамбасадорот Жбогар
  повеќе
 
  09.10.2017
  Министерот Билен Саљији на средба со шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР
  повеќе
 
  06.10.2017
  Најава за јавен увид на предлог закони
  повеќе
 
  04.10.2017
  Средба Саљији - Герберих
  повеќе
 
  03.10.2017
  Министерот за правда, Билен Саљији во интервју за 360° на ТВ АЛСАТ-М
  повеќе
 
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk

Почитувани граѓани,

При поднесување на БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ДАДЕНА ОДНОСНО ПРИМЕНА ДОНАЦИЈА ИЛИ СПОНЗОРСТВО (ПРИЛОГ 1 од правилникот), до архивата на Министерството за правда потребно е да ги приложите следниве докази:

1. Договор за донација/спонзорство во 2 примероци
2. Уплатница за административни такси

Доколку поднесувате БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ПРИМЕНА ДОНАЦИЈА (ПРИЛОГ 2 од правилникот), согласно членот 4 став (2) од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, кога примател на донација е Здружение или Фондација која се стекнала со статус на Организација од јавен интерес согласно Законот за здруженија и фондации или кога примател на донација е Здружение или Фондација која согласно основачкиот акт е основана за конкретна финансиска поддршка во врска со јавен интерес утврден со закон, потребно е приложено кон барањето да ги доставите следниве докази:

1. Основачкиот акт на примателот,
2. Решение за стекнување на статус на организација од јавен интерес,
3. Тековна состојба на примателот издадена од Централниот регистар на Република Македонија не постара од шест месеци,
4. Извод од уплатените средства на посебната трансакциска сметка на примателот на донацијата,
5. Писмена изјава заверена на нотар со која под полна материјална и кривична одговорност се изјавува дека нема склучено писмен договор со давателот на донацијата и
6. Уплатница за административни такси.

Со почит,
МИНИСТЕРTВО ЗА ПРАВДА