Лични податоци

1.Офицер за заштита на лични податоци
27.11.2017, 33,28KB
  21.02.2018
  Министерот Салији и г.Мекнил правен советник на САД изразија спремност за соработка во спроведувањето на реформите во правосудната област
  повеќе
 
  20.02.2018
  На денешната седница на Владата на Република Македонија усвоен е нов Закон за бесплатна правна помош
  повеќе
 
  19.02.2018
  "Стратегијата за реформи во правосудниот сектор" главна тема на средбата меѓу Министерот за правда, г. Б. Салији и г.Т. Драшковиќ - Експерт од ЕУ
  повеќе
 
  09.02.2018
  Министерството за правда ќе го менува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
  повеќе
 
  08.02.2018
  Министерот за правда г. Bilen Saliji одржа состанок со претставници на ВИНПРО III проектот
  повеќе
 
  02.02.2018
  Министерството за правда на РМ и Здружението на судиите на РМ, организираа стручна расправа за Законот за Судовите и законот За Судски Совет
  повеќе
 
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk

Почитувани граѓани,

При поднесување на БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ДАДЕНА ОДНОСНО ПРИМЕНА ДОНАЦИЈА ИЛИ СПОНЗОРСТВО (ПРИЛОГ 1 од правилникот), до архивата на Министерството за правда потребно е да ги приложите следниве докази:

1. Договор за донација/спонзорство во 2 примероци
2. Уплатница за административни такси

Доколку поднесувате БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ПРИМЕНА ДОНАЦИЈА (ПРИЛОГ 2 од правилникот), согласно членот 4 став (2) од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, кога примател на донација е Здружение или Фондација која се стекнала со статус на Организација од јавен интерес согласно Законот за здруженија и фондации или кога примател на донација е Здружение или Фондација која согласно основачкиот акт е основана за конкретна финансиска поддршка во врска со јавен интерес утврден со закон, потребно е приложено кон барањето да ги доставите следниве докази:

1. Основачкиот акт на примателот,
2. Решение за стекнување на статус на организација од јавен интерес,
3. Тековна состојба на примателот издадена од Централниот регистар на Република Македонија не постара од шест месеци,
4. Извод од уплатените средства на посебната трансакциска сметка на примателот на донацијата,
5. Писмена изјава заверена на нотар со која под полна материјална и кривична одговорност се изјавува дека нема склучено писмен договор со давателот на донацијата и
6. Уплатница за административни такси.

Со почит,
МИНИСТЕРTВО ЗА ПРАВДА